Logo

Проект за поддршка на човековите права

Human rights support project

Главно мени
Насловна
За нас
Актуелно
НПП
Активности
Фотографии
Публикации
Прашајте нè
Работни места
Контакт
Линкови
МВР
Народен правобранител
MLRC
Право
Преземи
Присутни
Добредојдовте

Целта на Проектот за поддршка на човековите права (ППЧП) е да обезбеди бесплатно правно советување на наводните жртви на полициско неправилно однесување, кои бараат помош во поднесувањето на официјални жалби преку различни расположливи административни и правни механизми.

 
Кои се Вашите права?
Основни човекови права при контактите со полицијата
Повеќе...
 
Санкционирање на случаите на полициска злоупотреба
Ако добиеш ќотек или си навредуван и малтретиран од граѓанин случајот секако ќе го пријавиш во полиција. Тие според словото на законот се надлежни да ги заштитат твоите права.  Но што доколку твоите права се повредени од страна на полицаец? Каде да се обратиш?
Повеќе...
 
НОВОСТИ
среда, 07 јули 2010
Во рамките на имплементацијата на Проектот за поддршка на човековите права како донатори во 2010 година се вклучи и Институтот Отворено Општество од Будимпешта со грант во висина од 12.000 евра.
Во склоп на проектните активности на ППЧП на 05 и 06 јуни се одржа втората обука за полициски службеници на која свое обраќање имаа г-дин Иџет Мемети на тема Улогата на Националниот превентивен механизам во Република Македонија и г-ѓа Анета Станчевска,помошник-министер и раководител на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР заедно со својот тим  на тема Почитување на правата на лица лишени од слобода.
Повеќе...
 
НАЈАВА
сабота, 01 мај 2010
По покана на Македонскиот центар за меѓународна соработка проектниот координатор на Проектот за поддршка на човековите права ќе оствари студиска посета во Северна Ирска со претставници на секторот полиција и правда во период од 23 до 28 мај 2010.Со цел промоција на Националниот превентивен механизам во Република Македонија, а во соработка со Народниот правобранител во период 05-06 јуни 2010 ќе се одржи втора обука со полициски службеници, а во период септември-ноември и две дводневни обуки со затворските служби од повеќе казненопоравни домови во државата.Во рамките на заштита на човековите права на лица лишени од слобода во период од мај-јуни се договорени две посети на затворски установи и тоа КПД Штип и Затворот во Скопје,додека во период септември-декември ќе се организираат посети на полициски станици во соработка со Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.Во месец мај ќе биде објавен периодичниот извештај на Проектот за поддршка на човекови права во делот на обезбедување на бесплатна правна помош на евентуални жртви на полициска злоупотреба или тортура.
 
Дводневна работилница во Тренинг центарот на МВР
сабота, 01 мај 2010
Во период од 17 и 18 април во рамките на Проектот за поддршка на човековите права беше одржана дводневна работилница во Тренинг центарот на МВР во Идризово на тема :
“Националниот превентивен механизам во Република Македонија и почитување на правата на лица лишени од слобода”.
Презентација на првата тема одржа г-дин Иџет Мемети, Народен правобранител на РМ, додека за втората тема беше вклучен тимот на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР.На обуката учествуваа 25 полициски службеници и тоа сменоводители од полициските станици во     Охрид, Валандово, Гевгелија, Кочани, Радовиш, Штип, Пробиштип, Струмица, Ресен, Прилеп, Дебар, Струга, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод, Битола, Берово, Кичево, Делчево, Виница и Свети Николе.
Поздравен говор на обуката одржа и г-ѓа Анета Станчевска, помошник министер во МВР, Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди.
 
Во 2010 година продолжува имплементацијата на Проектот за поддршка на човековите права.
среда, 17 март 2010
Проектот кој се спроведува 6 години, оваа година е финансиран од Европската Унија преку инструментот на EIDHR ““Strengthening the Role of Civil Society in Promoting Human Rights and Democratic Reforms”во износ од 38.000,00 евра (имплементиран од Коалиција Сите за правично судење, Форум за правата на Ромите Арка од Куманово и Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп) и од Фондот за жртви од тортура при УН во износ од 35.000,00 $.
Повеќе...
 
Телесни повреди, најчеста полициска злоупотреба
недела, 14 март 2010
Телесни повреди, психичка тортура, нечовечко однесување, се најчестите злоупотреби од страна на полицијата во регионот на југозападна Македонија, утврдил Центарот за граѓански иницијативи од Прилеп. Во оваа организација досега 46 лица имаат побарано помош, но главен проблем е што граѓаните се плашат да поднесат тужба против полицијата. Нечовечно однесување и казнување со нанесување телесни повреди на жртвите, психичка тортура, полициско непостапување и непрофесионалност се најчести злоупотреби на функцијата на полицајците во регионот на југозападна Македонија, вклучувајќи го и регионот на Неготино и Кавадарци, соопштија од Центарот за граѓански инцијативи во Прилеп, една од 5-те асоцијации која веќе 5-та година го реализираат проектот за поддршка на човековите права. Според информациите, до сега во Центарот помош побарале 46 граѓани а 9 од нив реагирале само во текот на минатата година.
Повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 10 од 32
Language
EN | AL
Анкета
Дали ги знаете Вашите права при контакт со полицијата?
 
Донатори
Партнери
(c) 2006 HRSP. All rights reserved.
Powered by [Joomla!]