Logo

Проект за поддршка на човековите права

Human rights support project

Главно мени
Насловна
За нас
Актуелно
НПП
Активности
Фотографии
Публикации
Прашајте нè
Работни места
Контакт
Линкови
МВР
Народен правобранител
MLRC
Право
Преземи
Присутни
Добредојдовте

Целта на Проектот за поддршка на човековите права (ППЧП) е да обезбеди бесплатно правно советување на наводните жртви на полициско неправилно однесување, кои бараат помош во поднесувањето на официјални жалби преку различни расположливи административни и правни механизми.

 
Кои се Вашите права?
Основни човекови права при контактите со полицијата
Повеќе...
 
Санкционирање на случаите на полициска злоупотреба
Ако добиеш ќотек или си навредуван и малтретиран од граѓанин случајот секако ќе го пријавиш во полиција. Тие според словото на законот се надлежни да ги заштитат твоите права.  Но што доколку твоите права се повредени од страна на полицаец? Каде да се обратиш?
Повеќе...
 
Бесплатна правна помош
Дали сметате дека ви се повредени  ПРАВАТА од ПОЛИЦИЈАТА

Дали ПОЛИЦИЈАТА ги пречекорила своите овластувања

ПРИЈАВЕТЕ на бесплатниот телефонски број

0800 11 333

и добијте БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ


 
Полицијата ги пречекорила овластувањата со Бучковски
петок, 07 септември 2007

Врз основа на 200 случаи на граѓани кои се здобиле со телесни повреди при контакт со полицаец во последниве две години, коалицијата „Сите за правично судење“ - Скопје, АРКА - Куманово, ЦГИ - Прилеп, ЦДР -Тетово и ИЗБОР - Струмица, побара поголема издржаност на одговорите од страна на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди (СВКПС) при МВР, кој ги спроведува истрагите во случаите на полициска злоупотреба.

„Искуството покажува дека во дел од случаите се јавуваат сериозни недостатоци и се заштитуваат службените лица од евентуално санкционирање“, рече Петар Јорданоски, координатор на Проектот за поддршка за човекови права што постои три години.

Организацијата по барање на пратеникот Владо Бучовски испратила претставка до Секторот за внатрешна контрола во чиј одговор, како што објасни Јордановски, има сомнеж дека можеби во случајот има пречекорување на овластувањата на полицијата и повреда на правата.

Извор: Утрински Весник (23.08.2007) 

 
Поплаки на сметка на секторот за внатрешна контролa
петок, 07 септември 2007

Невладините организации кои даваат правна помош на жртвите на полициска злоупотреба велат оти СВК ги штити своите колеги полицајци, според нив истрагите треба да бидат темелни со лекрска екипа.
Граѓанинот сам падна на асфалтот и се здоби со тешки телесни повреди. или пак, повредите ги доби оти ја удираше главата од автомобилот - ова го пишува во одговорите од Секторот за внатрешна контрола, се жалат невладините органицзации кои даваат правна помош на жртвите на полициска злоупотреба. Според нив СВК треба да спроведува потемелни истраги со лекарска екипа и да дава адекватни изјави, а не полни со нелогичности.
Според невладините организации нелогичности имало и во преставката во случајот на Владо Бучковски за неговото задржување на граничниот премин Богородица на први овој месец.

 

Славица   Дуљанова

Извор: Сител (22.8.2007)

 

 

   

 

 
Во изминатите шест месеци поради не професионализам биле суспендирани 72-ца полицајци
петок, 07 септември 2007
МВР нема логичен одговор за случаите во кои граѓани поднеле претставка за пречекорување на овластувањата на полицијата. Ваквото тврдење невладината „сите за правично судење“ го поткрепува со полициските извештаи во кои, според оваа организација, се искривува сликата за настаните и се штитат полицајците вмешани во инцидентите. Организацијата извршила мониторинг на повеќе од 200 случаи кои ги истражувал секторот за внатрешна контрола на МВР.
 
Јордановски забележува за нелогичности и во одговорот на МВР зошто пратеникот Владо Бучковски бил задржан на влегување во земјава на граничниот премин Богородица.
 
МВР негира дека има слабости во интерните истраги за постапувањето на полицајците. Се повикуваат на извештајот за работата на министерството во изминатите шест месеци според кој поради не професионализам биле санкционирани 72-ца полицајци. Тоа за „сите за правично судење“ не е доволно. Организацијата бара воспоставување надворешен цивилен механизам кој би ја надгледувал работата на секторот за внатрешна контрола на МВР.
 
Даниел Георгиевски
Извор: Канал 5 (22.08.2007) 
 
Извештаите на внатрешната контрола на МВР се нелогични
петок, 07 септември 2007

Од нелогични и неразумни до комични. Такви се извештаите на внатрешната контрола на МВР кога сакаат да ја затскријат вистината за пречекорување на полициските овластувања од нивни колеги. Ова е констатација на пет невладини организации кои ја следат работата на овој сектор.

Сам паднал и се здобил со тешки повреди. „Алфи“ чувале 50-годишник, но тој паднал на тротоар, се дел од примерите кои ги посочува невладиниот сектор. Нелогичностите се видливи во површноста на спроведените истраги.

„Додека граѓанинот лежел на земја врзан со лисици, истиот продолжил да клоца со нозете кон овластените службени лица и да се тркала по тротоарот, пријавувајќи посебна упорност и агресивност и нанесувајќи си тешки телесни повреди“, рече Петар Јордановски, коалиција „Сите за правично судење“.

„Натаму во истиот случај се вели: При превезување со службеното возило до полициска станица истиот продолжил да се однесува дрско и агресивно, удирајќи ја својата глава во внатрешниот дел од возилото“, додаде Јордановски.

Неопходно е да се отстранат нелогичностите и пристрасноста кон колегите полицајци, посочува невладиниот сектор. Во истрагите на внатрешната контрола да се вметне и цивилниот механизам, за да нема затскривање на вистината.

Сепак, од МВР ваквите обвинувања ги отфрлаат. Сметаат дека се неосновани, а дека полицајците за прекумерна сила се казнуваат.

Миле Риствески

Извор: А1 (22.08.2007 )

 
Видат ли полицаец, граѓаните сами си се тепаат!
петок, 07 септември 2007

Лицето што полицијата го носела во полициска станица почнало само да си ја удира главата од вратата на комбито и легнало на земја, па се вртело додека не си го изгребало лицето. Утврдено е дека самиот намерно си нанел телесни повреди, а не го повредил полицаецот.
Ова е официјална „вистина“ за еден немил настан, што ја содржи записникот за истрагата што ја спровел Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди (СВК при МВР по претставка на граѓанин). Тоа е еден случај со кој Проектот за поддршка на човековите права вчера ја бранеше констатацијата дека полицијата применува повеќе сила отколку што треба, а потоа при МВР вели дека граѓаните сами се тепаат.
Петар Јордановски, координатор на проектот, цитираше уште еден записник од истрага на СВК, каде што 50-годишен човек успеал да натепа дури двајца од припадниците на „Алфите“, па затоа дошле уште тројца од припадниците на оваа елитна единица да го скротат и му нанеле телесни повреди. И тука, според секторот за внатрешна контрола, немало место за дисциплинска мерка на службените лица на МВР.
- Имаме случај кога еден граѓанин бил застанат на полициски пункт и откако одбил да им даде мито на полицајците, за кое не тврдиме дека го побарале, еден од полицајците пукал со службениот пиштол во воздух. СВК утврди дека полицаецот ништо не згрешил и покрај тоа што имало решение на истражен судија дека е пукано од службениот пиштол - изјави Јордановски.
Поради овие и уште стотина слични случаи, граѓаните се во подредена положба на полицијата - сметаат партнерите на проектот. Според нив, Секторот за внатрешна контрола не дејствува независно, туку по директивите на МВР.
Спротивно на ова, другата страна, МВР, тврди дека граѓаните се тие што се почесто ги тепаат полицајците. МВР од почетокот на годината поднела 30 кривични пријави за напад врз службено лице и 24 пријави за спречување за извршување на должност.

 Благица ИВАНОВА
Извор:  Шпиц (23.08.2007)


 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>

Резултати 11 - 20 од 39
Language
EN | AL
Анкета
Дали ги знаете Вашите права при контакт со полицијата?
 
Донатори
Партнери
(c) 2006 HRSP. All rights reserved.
Powered by [Joomla!]