Logo

Проект за поддршка на човековите права

Human rights support project

Главно мени
Насловна
За нас
Актуелно
НПП
Активности
Фотографии
Публикации
Прашајте нè
Работни места
Контакт
Линкови
МВР
Народен правобранител
MLRC
Право
Актуелно
26. Јуни 2008 - BBC на македонски Испечати Е-пошта
Вести
петок, 24 октомври 2008

Полициската тортура постои и натаму

Последните четири години во Македонија се намалува бројот случаи на полициска тортура врз граѓаните, но таа за жал се' уште постои - се вели во извештајот на Проектот за поддршка на човековите права.

Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортурата во земјата беше одбележан со конференција на која учествуваше и францускиот народен правобранител Жан Пол Делевоа.
Во архивата на македонскиот проект за поддршка на човековите права, во кој се вклучени повеќе граѓански асоцијации, наведен е и случајот под шифра СК034.

Линк - BBC на македонски  

 
Вести Испечати Е-пошта
Вести
понеделник, 13 октомври 2008
На 26.06.2008 се одржа Прес Конференција по повод меѓународниот ден за заштита на жртви од тортура на која Проектниот координатор Аница Томшиќ Стојковска презентираше дел од полугодишниот извештај за човековите права и полицијата како и состојабата со тортура сторена од полициски службеници.

Коалицијата Сите за правично судење како дел од Проектот за поддршка на човековите права реагираше на спектакуларното апсење на градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев како и кршењето на правото на презумпција од страна на полицијата и медиумите во РМ.

На 02.10.2008 Проектниот координатор на ППЧП и Извршен Директор на Коалиција “ Сите за правично судење” го претстави проектот пред Министерство за правда и Секретаријат за евроинтеграции при Владата на РМ.

На 06.10.2008
ППЧП беше презентиран на Клиниката за трауматологија во Скопје

08.10.2008 ППЧП беше презентиран пред НВО Хера и Хопс и се разговараше за соработка во делот на давање на бесплатна правна помош на жртви од полициска злоупотреба кои се корисници на услугите на овие две организации.

Проектот за поддршка на човекови права беше презентиран и во првиот билтен на Коалиција “ Сите за правично судење” . Повеќе на www.all4fairtrials.org.mk
 
Соопштение до медиумите Испечати Е-пошта
Вести
понеделник, 13 октомври 2008
Здруженијата на граѓани - Коалиција “Сите за правично судење”  од Скопје , Форум за права на Ромите - Арка од Куманово ,Центар за демократски развој од Тетово, Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп и Избор од Струмица кои заеднички го имплементираат Проектот за поддршка на човековите права на жртви од полициска злоупотреба, најостро ги осудуваат последните два случаи на полициска тортура и напад на граѓани во главниот град на Република Македонија кои беа презентирани на вестите на повеќе национални медиумски куќи.

Повеќе...
 
Соопштение до медиумите Испечати Е-пошта
Вести
понеделник, 13 октомври 2008
По повод Меѓународниот ден за поддршка на жртви од тортура – 26 Јуни , здруженијата на граѓани Коалиција Сите за правично судење, Форум за прaвата на Ромите Арка, Центар за граѓански иницијативи, Центар за демократски развој и Избор , кои заеднички го имплементираат Проектот за поддршка на човековите права,  ќе одржат ПРЕС Конференција. Прес Конференцијата ќе се одржи на 26.06.2008 ( четврток) со почеток во 11:00 во просториите на НВО Инфо Центарот.
Повеќе...
 
Спектакуларни апсења Испечати Е-пошта
Вести
понеделник, 16 јуни 2008
ППЧП ( Проектот за поддршка на човековите права) поддржан од Фондацијата Институт Отворено Општество и Фондот за жртви од тортура при ООН, а кој го имплементираат здруженијата на граѓани Форум за правата на  Ромите -Арка од Куманово, Центар за демократски развој од Тетово,Центар за граѓански инцијативи од Прилеп, Избор од Струмица како и Коалицијата Сите за правично судење повторно и најостро ја осудуваат вчерашната полициска акција со која беше приведен Сами Беслими -наставник во гимназијата Зефљуш Марку.
Повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 9 од 36
Language
EN | AL
Анкета
Дали ги знаете Вашите права при контакт со полицијата?
 
Донатори
Партнери
(c) 2006 HRSP. All rights reserved.
Powered by [Joomla!]