Logo

Проект за поддршка на човековите права

Human rights support project

Главно мени
Насловна
За нас
Актуелно
НПП
Активности
Фотографии
Публикации
Прашајте нè
Работни места
Контакт
Линкови
МВР
Народен правобранител
MLRC
Право
Актуелно
Воспоставување на бесплатна телефонска линија 0800 11 333 Испечати Е-пошта
Вести
вторник, 09 јануари 2007

Воспоставување на бесплатна телефонска линија 0800 11 333 за пријавување на наводни случаи на полициска злоупотреба во рамките на Проектот за поддршка на човековите права

 

Почитувани,

Проектот за поддршка на човековите права (ППЧП), претставува иницијатива на граѓанското општество, која се усредоточува на појавата на неправилно однесување или злоупотреба од страна на полицијата. Цел на проектот е да обрне внимание на употребата на незаконска физичка и психичка сила, од страна на овластените службени лица од Министерството за внатрешни работи (МВР), во текот на вршењето на своите службени задачи и да помогне во развојот на ефективен механизам за заштита на човековите права на наводните жртви.

Главна цел на нашето обраќање е да Ве информираме дека од 1 Ноември 2006 година, е воспоставена бесплатна телефонска линија 0800 11 333. На истата секој работен ден од 9 до 17 часот граѓаните ќе можат да ги пријавуваат случаите на полициска злоупотреба, односно пречекорување на овластувањата од страна на ОСЛ на Министерството за внатрешни работи.

ППЧП се имплементира веќе три година од страна на НВО-и АРКА, ЦДР, Коалицијата “ Сите за правично судење ” , ИЗБОР и ЦГИ. Проектот е финансиски поддржан од страна на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и од Фондацијата Институт Отворено општество Македонија.

_______________________________________________________________

За дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на: Проект координатор Петар Јорданоски тел . 3215 263, web: www.hrsp.org.mk  E-mail:   ;

 

 
Реакција на Проектот за поддршка на човековите права Испечати Е-пошта
Вести
четврток, 21 септември 2006
Реакција на Проектот за поддршка на човековите права во врска со зголемениот број на случаи на граѓани кои се жалат на наводно брутално претепување од страна на ОСЛ на Полицијата
Повеќе...
 
Судска медицина уште ги утврдува причините за смртта на Беќиров Испечати Е-пошта
Вести
четврток, 21 септември 2006
Трет ден по пронаоѓање на телото, Судска медицина уште ги утврдува причините за смртта на Трајан Беќиров. И Народниот правобранител ги очекува резултатите од обдукцијата по што ќе превземе понатамошни активности.

Повеќе...
 
МВР: Ногата на Тахири беше скршена прМВР: Ногата на Тахири беше скршена пред интервед интервенцијата Испечати Е-пошта
Вести
четврток, 21 септември 2006
Кој му го скрши колкот на Џевџет Тахири? МВР тврди дека ногата на скопјанецот била скршена пред полициската интервенција. Така кажал неговиот братучед.

Повеќе...
 
Околу 500 Роми протестираа во Гостивар Испечати Е-пошта
Вести
четврток, 21 септември 2006
Околу 500 Роми се собраа пред гостиварската полициската станица со протесна нота како што велат за трите момчиња претепани од мобилната полициска единица-алфи. Бараат да се казнат сторителите на делото.

Повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>

Резултати 19 - 27 од 32
Language
EN | AL
Анкета
Дали ги знаете Вашите права при контакт со полицијата?
 
Донатори
Партнери
(c) 2006 HRSP. All rights reserved.
Powered by [Joomla!]