Logo

Проект за поддршка на човековите права

Human rights support project

Главно мени
Насловна
За нас
Актуелно
НПП
Активности
Фотографии
Публикации
Прашајте нè
Работни места
Контакт
Линкови
МВР
Народен правобранител
MLRC
Право
Актуелно
Проект за поддршка на човековите права реагира на спектакуларните апсења Испечати Е-пошта
Вести
петок, 07 септември 2007
Невладината Проект за поддршка на човековите права реагира на, како што вели, спектакуларните апсења и давање изјави на високи раководители на МВР при поднесување кривични пријави дека полицијата располага со несоборливи докази.
 
Оваа невладина асоцијација поддржана од набљудувачката мисија на ОБСЕ и фондацијата СОРОС ги повикува државните авторитети да престанат со практиката на грубо кршење на едно од основните човекови права - пресумпцијата на невиност. Според европскиот суд за човекови права, јавните изјави за нечија вина на висок претставник на извршната власт има за последица граѓанинот однапред да се смета за виновен во очите на граѓаните, а со тоа се врши влијание и притисок на судските авторитети, се наведува во реакцијата на проектот за поддршка на човековите права.
 
Извор: Канал 5 (31.07.2007)
 
Полицијата ги пречекорила овластувањата со Бучковски Испечати Е-пошта
Вести
петок, 07 септември 2007

Врз основа на 200 случаи на граѓани кои се здобиле со телесни повреди при контакт со полицаец во последниве две години, коалицијата „Сите за правично судење“ - Скопје, АРКА - Куманово, ЦГИ - Прилеп, ЦДР -Тетово и ИЗБОР - Струмица, побара поголема издржаност на одговорите од страна на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди (СВКПС) при МВР, кој ги спроведува истрагите во случаите на полициска злоупотреба.

„Искуството покажува дека во дел од случаите се јавуваат сериозни недостатоци и се заштитуваат службените лица од евентуално санкционирање“, рече Петар Јорданоски, координатор на Проектот за поддршка за човекови права што постои три години.

Организацијата по барање на пратеникот Владо Бучовски испратила претставка до Секторот за внатрешна контрола во чиј одговор, како што објасни Јордановски, има сомнеж дека можеби во случајот има пречекорување на овластувањата на полицијата и повреда на правата.

Извор: Утрински Весник (23.08.2007) 

 
Поплаки на сметка на секторот за внатрешна контролa Испечати Е-пошта
Вести
петок, 07 септември 2007

Невладините организации кои даваат правна помош на жртвите на полициска злоупотреба велат оти СВК ги штити своите колеги полицајци, според нив истрагите треба да бидат темелни со лекрска екипа.
Граѓанинот сам падна на асфалтот и се здоби со тешки телесни повреди. или пак, повредите ги доби оти ја удираше главата од автомобилот - ова го пишува во одговорите од Секторот за внатрешна контрола, се жалат невладините органицзации кои даваат правна помош на жртвите на полициска злоупотреба. Според нив СВК треба да спроведува потемелни истраги со лекарска екипа и да дава адекватни изјави, а не полни со нелогичности.
Според невладините организации нелогичности имало и во преставката во случајот на Владо Бучковски за неговото задржување на граничниот премин Богородица на први овој месец.

 

Славица   Дуљанова

Извор: Сител (22.8.2007)

 

 

   

 

 
Во изминатите шест месеци поради не професионализам биле суспендирани 72-ца полицајци Испечати Е-пошта
Вести
петок, 07 септември 2007
МВР нема логичен одговор за случаите во кои граѓани поднеле претставка за пречекорување на овластувањата на полицијата. Ваквото тврдење невладината „сите за правично судење“ го поткрепува со полициските извештаи во кои, според оваа организација, се искривува сликата за настаните и се штитат полицајците вмешани во инцидентите. Организацијата извршила мониторинг на повеќе од 200 случаи кои ги истражувал секторот за внатрешна контрола на МВР.
 
Јордановски забележува за нелогичности и во одговорот на МВР зошто пратеникот Владо Бучковски бил задржан на влегување во земјава на граничниот премин Богородица.
 
МВР негира дека има слабости во интерните истраги за постапувањето на полицајците. Се повикуваат на извештајот за работата на министерството во изминатите шест месеци според кој поради не професионализам биле санкционирани 72-ца полицајци. Тоа за „сите за правично судење“ не е доволно. Организацијата бара воспоставување надворешен цивилен механизам кој би ја надгледувал работата на секторот за внатрешна контрола на МВР.
 
Даниел Георгиевски
Извор: Канал 5 (22.08.2007) 
 
Извештаите на внатрешната контрола на МВР се нелогични Испечати Е-пошта
Вести
петок, 07 септември 2007

Од нелогични и неразумни до комични. Такви се извештаите на внатрешната контрола на МВР кога сакаат да ја затскријат вистината за пречекорување на полициските овластувања од нивни колеги. Ова е констатација на пет невладини организации кои ја следат работата на овој сектор.

Сам паднал и се здобил со тешки повреди. „Алфи“ чувале 50-годишник, но тој паднал на тротоар, се дел од примерите кои ги посочува невладиниот сектор. Нелогичностите се видливи во површноста на спроведените истраги.

„Додека граѓанинот лежел на земја врзан со лисици, истиот продолжил да клоца со нозете кон овластените службени лица и да се тркала по тротоарот, пријавувајќи посебна упорност и агресивност и нанесувајќи си тешки телесни повреди“, рече Петар Јордановски, коалиција „Сите за правично судење“.

„Натаму во истиот случај се вели: При превезување со службеното возило до полициска станица истиот продолжил да се однесува дрско и агресивно, удирајќи ја својата глава во внатрешниот дел од возилото“, додаде Јордановски.

Неопходно е да се отстранат нелогичностите и пристрасноста кон колегите полицајци, посочува невладиниот сектор. Во истрагите на внатрешната контрола да се вметне и цивилниот механизам, за да нема затскривање на вистината.

Сепак, од МВР ваквите обвинувања ги отфрлаат. Сметаат дека се неосновани, а дека полицајците за прекумерна сила се казнуваат.

Миле Риствески

Извор: А1 (22.08.2007 )

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>

Резултати 10 - 18 од 32
Language
EN | AL
Анкета
Дали ги знаете Вашите права при контакт со полицијата?
 
Донатори
Партнери
(c) 2006 HRSP. All rights reserved.
Powered by [Joomla!]