Logo

Проект за поддршка на човековите права

Human rights support project

Главно мени
Насловна
За нас
Актуелно
НПП
Активности
Фотографии
Публикации
Прашајте нè
Работни места
Контакт
Линкови
МВР
Народен правобранител
MLRC
Право
За нас - За нас Испечати Е-пошта
Индекс на прилозите
За нас
Персонал
Извршен борд

Што претставува Проектот за Поддршка на човековите права?

Целта на Проектот за поддршка на човековите права (ППЧП) е да обезбеди бесплатно правно советување на наводните жртви на полициско неправилно однесување, кои бараат помош во поднесувањето на официјални жалби преку различни расположливи административни и правни механизми.


Во текот на 2004 год. три невладини организации кои го имплементира проектот: „Информативен Центар за Граѓанско Општество“ (ИЦГО)- Скопје, „Центар за Демократски Развој“ (ЦДР) - Тетово и „Форум за правата на Ромите-АРКА“ - Куманово. Проектот беше имплементиран во регионите на Тетово, Скопје и Куманово.


ППЧП продолжи да се имплементира и во 2005 година. Подрачјето на Скопје сега е покриено од страна на Коалицијата „Сите за правично судење“, како и тоа што има две нови НВО во Проектот, „Центар за граѓанска иницијатива“ од Прилеп и „Избор“ од Струмица. Во 2005 година ППЧП целосно ја покри територијата на Република Македонија, за разлика од 2004год. година кога проектот го покриваше само подрачјето на северна и северозападна Македонија. Проектот е финансиран и поддржан од Набљудувачката Мисија на ОБСЕ во Скопје и од Институтот Фондација институт Отворено општество Македонија-ФИООМ.


Проектот произлегува како резултат на тековни набљудувања на националните НВО и меѓународните организации кои ги следат жалбите на граѓаните за повреди на човековите права. Истите имаат забележано дека жртвите честопати ги сметаат жалбените постапки како застрашувачки, сложени, заплашувачки, спори, фрустрирачки, скапи и понекогаш како неуспешни.

Цели и задачи на Проектот

  • Обезбедување правда за жртвите на полициска злоупотреба или неправилно однесување на полицијата;
  • Обезбедување одговорност и транспарентност во работата на државни институции кои примаат жалби за можни повреди на човекови права;
  • Зголемување на капацитетите на државни институции кои примаат жалби за можни повреди на човекови права;
  • Придонес за подобрување на пристапот и довербата на јавноста во овие државни институции;
  • Зголемување на капацитетите на домашните правни НВО, кои дејствуваат во областа на човековите права;
  • Зајакнување на врската меѓу граѓанското општество и државните институции кои примаат жалби за можни повреди на човекови права;
  • Организирање на прес конференција на крајот на 2005 год. за јавно презентирање на аналитичкиот извештај за 2004-2005 година, кој меѓу другото ќе содржи и предлози за соодветни политички и законодавни реформи засновани врз согледувањата и наоѓањата по Проектот ;
  • Преку презентирање на конкретните случаи пред релевантните државни актери, преку веќе воспоставените вообичаени координативни состаноци и преку информативните кампањи да се подобри и зајакне работната врска помеѓу организациите што учествуваат во проектот и државните институции.


Бесплатно правно советување за наводните жртви на полициска злоупотреба

Во рамките на бесплатното правно советување правните советници вклучени во проектот ги превземаат следниве активности:

  • Интервјуирање и документирање на наводите;
  • Фотографирање на повреди и други докази;
  • Помагање на повредените лица да примат неопходно медицинско лекување и соодветна документација на повредите;
  • Собирање на дополнителна придружна документација;
  • Давање совети за правните лекови кои им стојат на располагање на наводните жртви, вклучувајќи поднесување на претставки до Секторот на МВР за Внатрешна контрола и професионални стандарди, Канцеларијата на Народниот правобранител, Јавното обвинителство, како и приватни тужби;
  • Помагање на наводните жртви во изготвување писма, жалби и поднесоци до горенаведените институции;
  • Придружување и/или застапување на наводни жртви на состаноци со државните соработници;
  • Пренесување на информации за случајот до меѓународни организации;
  • Обезбедување на средства за социјално загрозените лица, за покривање на трошоците за вадење на лекарски уверенија.
Задача на НВОи вклучените во проектот е преку средствата за јавно информирање будно да ги следат потенцијалните субјекти и доколку откријат повреда на човековите права благовремено да реагираат и да ги превземат потребните чекори.



 
Language
EN | AL
Анкета
Дали ги знаете Вашите права при контакт со полицијата?
 
Донатори
Партнери
(c) 2006 HRSP. All rights reserved.
Powered by [Joomla!]