Logo

Проект за поддршка на човековите права

Human rights support project

Главно мени
Насловна
За нас
Актуелно
НПП
Активности
Фотографии
Публикации
Прашајте нè
Работни места
Контакт
Линкови
МВР
Народен правобранител
MLRC
Право
122 жртви на брутално полициско однесување Испечати Е-пошта
четврток, 06 април 2006
Според Проектот за заштита на човекови права

Со Проектот за поддршка на човековите права годинава биле евидентирани 100 случаи кога полицијата брутално се однесувала над граѓаните и ги пречекорувала своите овластувања. Според координаторот на проектот Петар Јордановски, тие редовно поднесуваат претставки до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР, до Народниот правобранител и Јавносто обвинителство, но соработката, вели тој е многу слаба.

Од поднесени 71 претставка во СВКПС било одговорено само на 47, а на 37 од нив било одговорено дека се неосновани и нема прекршување на човековите права. За три претставки биле казнети полицајци со намалување на плата, а ниеднаш не било разрешено службено лице. Во Јавното обвинителство резултатите се уште послаби. За повеќе од половина од случаите било кажано дека истрагата е во тек, а дел од тие случаи биле пријавени пред две години. Бил поднесен акт за два случаи, а за 6 Јавното обвинителство се откажало од истрага.

Нешто подобра соработка, според Јордановски постои со Народниот правобранител. Од поднесени 51 претставка било одговорено на 33, а биле испратени и неколку укажувања до МВР.  За разлика од минатата година бројот на граѓани кои се пожалиле на брутално однесување на полицијата е значително зголемен. Најолем број од наводните жртви се мажи, а од 122 евидентирани жртви, 52 се Македонци, 47 Албанци и 18 се Роми. Проектот е организиран од пет невладини организации, а финансиски поддржан од ОБСЕ (Б.З.) 

Извор: Вечер, 22.12.2005.
http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=21411

 
< Претходно   Следно >
Language
EN | AL
Анкета
Дали ги знаете Вашите права при контакт со полицијата?
 
Донатори
Партнери
(c) 2006 HRSP. All rights reserved.
Powered by [Joomla!]