|
122 наводни жртви на полициска бруталност за безмалку две години. За
полицајците максималната казна е 15% помалку од платата. Ништо
поригорозно.
Дури и ако внатрешната контрола на МВР утврди прекумерна сила од полицајците, Министерот има дискреционо право отказот да го замени со парична казна. Овие показатели денеска ги соопштија 5 невладини организации помогнати од ОБСЕ.
Внатрешниот контролен механизам на МВР сеуште не функционира на транспарентен, навремен и ефикасен начин“, вели Ендру Палмер, ОБСЕ.
„Во поголем дел од случаите Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди не ги известува жртвите во законски предвидениот рок, а во случаите кога се превземаат некои санкции, најчесто тие не се доволни“, додаде Палмер.
Често, пишува во извештајот, полицијата поднесува и кривични пријави против жртвите, најчесто за нарушување на јавниот ред и мир. Ова може да се разбере и како реваншизам на МВР, констатира невладиниот сектор.
Неажурност и од обвинителството. Од 22 кривични пријави против полицајци, само во два случаи покренат е обвинителен акт.
„Наводните жртви најчесто се плашат да покренуваат кривични пријави до Основното јавно обвинителство, помал е бројот на претставки до секторот, а во однос на претставки до Народниот правобранител, сметам дека не е мал бројот, бидејќи е поднесена вкупно 51 претставка“, рече Петар Јордановски, координатор на Проектот за поддршка на човековите права.
ОБСЕ предлага Владата да формира независно тело кое ќе ги прегледува претставките од граѓаните кои се однесуваат на полициската бруталност.
Со еден ваков чекор ќе се зголеми почитувањето на човековите права. Судството и овој пат посочено. Истрагите да ги завршува навремено. Досега ескивира во однос на пречекорување на полициските овластувања.
Миле А. Ристески
21.12.2005
Извор: А1 ТВ
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=55904
|