Logo

Проект за поддршка на човековите права

Human rights support project

Главно мени
Насловна
За нас
Актуелно
НПП
Активности
Фотографии
Публикации
Прашајте нè
Работни места
Контакт
Линкови
МВР
Народен правобранител
MLRC
Право
Преземи
Присутни
Добредојдовте

Целта на Проектот за поддршка на човековите права (ППЧП) е да обезбеди бесплатно правно советување на наводните жртви на полициско неправилно однесување, кои бараат помош во поднесувањето на официјални жалби преку различни расположливи административни и правни механизми.

 
Кои се Вашите права?
Основни човекови права при контактите со полицијата
Повеќе...
 
Санкционирање на случаите на полициска злоупотреба
Ако добиеш ќотек или си навредуван и малтретиран од граѓанин случајот секако ќе го пријавиш во полиција. Тие според словото на законот се надлежни да ги заштитат твоите права.  Но што доколку твоите права се повредени од страна на полицаец? Каде да се обратиш?
Повеќе...
 
Бесплатна правна помош
Дали сметате дека ви се повредени  ПРАВАТА од ПОЛИЦИЈАТА

Дали ПОЛИЦИЈАТА ги пречекорила своите овластувања

ПРИЈАВЕТЕ на бесплатниот телефонски број

0800 11 333

и добијте БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ


 
Санкционирање на случаите на полициска злоупотреба Испечати Е-пошта
среда, 05 април 2006
Ако добиеш ќотек или си навредуван и малтретиран од граѓанин случајот секако ќе го пријавиш во полиција. Тие според словото на законот се надлежни да ги заштитат твоите права.  Но што доколку твоите права се повредени од страна на полицаец? Каде да се обратиш?

Повторно ќе мора случајот да го пријавиш во Секторот за внатрешна контролa и професионални стандарди на МВР….но зарем полицајците кај кои ќе го пријавиш случајот нема да се обидат да го заштитат својот колега по секоја цена? Колку ќе бидат тие објективни при спроведување на истрагата во однос на твојата поплака? Зарем тоа не наликува тоа на народната Кадија те тужи, кадија те суди?! Што е со полициската субкултура, што е со оние случаи на граѓани кои се жалат дека изеле добар ќотек во станица и оттаму излегуваат со видливи повреди, а потоа никој жив во станицата ништо не видел, ништо не слушнал. Колегите си се штитат меѓу себе на секаков можен начин.

Ќе се обидам тоа да ви го претставам преку конкретни случаи регистрирани во рамките на Проектот за поддршка на човековите права кој се имплементира во Република Македонија од крајот на 2003 год. Во еден од случаите по спроведената детална истрага во рамките на дисциплинската постапка при МВР, на граѓанот му е испратен одговор во кој се вели  дека граѓанинот го малтретирал овластеното службено лице со тоа што го удрил со сендвич, го пцуел, а кога полицајците се обиделе да го совладаат отпорот на граѓанинот, истиот намерно паднал на асфалтот, најверојатно со цел за повредите да ги обвини полицајците. На крај надовната жртва се известува дека заработил и прекршочна пријава. Граѓанинот кога се обрати во нашата НВО со цел да добие правна помош, приложи и фотографии на кои се гледаат видлите повреди. Ако истите ги добил од намерниот пад на асфалтот, како што тврди полицијата, граѓанинот би морал да го номинираме да влезе во гинисова книга во рекорди. Со еден пад има модрици по целото тело, од главата до петици. Пад за гинисова книга!

Во друг случај, се тврди дека граѓанинот ги нападнал овластените службени лица, им ги искинал легитимациите, им ја кинел облеката, а кога се обиделе да го совладаат неконтролирано реагирал и самиот стекнал значителни повреди по телото. Натаму се наведува дека неговите соседи биле во заблуда кога мислиле дека соседот им е нападнат, и против граѓанинот е поднесена кривична пријава.

Граѓаните кои се самоповредуваат преку мистериозни падови, дрски луѓе кои го фрлаат својот сендвич врз првиот полицаец кој ќе помине. Има дури и случај на граѓанин кој веќе лишен во слобода во полициско возило меѓу две службени лица успеал да се самоповреди. Кога прашавме како, ни беше кажано дека намерно је удирал својата глава од кровот на возилото. Од друга страна имаме бескрајно љубезни полицајци кои на сите можни начини се обидуваат да бидат сервис на граѓаните и се обидуваат да ги заштитат граѓаните од самоповредување! И речиси секогаш употребата на сила е основана, правилна и оправдана.

Но дали е така во реалноста? Граѓаните кои ни пристапуваат, а ги има во значителен број (над 140), тврдат дека се жртва на полициска злоупотреба. Притоа значителен дел од нив имаат доста силни докази. Но, што со нив? Секторот на МВР во мал дел од случаите констатира повреда. И во тие случаи најголема изречена казна за полицајци е 15% од платата. И речиси во сите случаи граѓаните заработуваат кривични и прекршочни пријави по пријавување на случајот. Тоа е доста загрижувачки!

Загрижува фактот што нема второстена постапка пред МВР. Во одговорот кој го добива граѓанинот нема правна поука, нема известување каква е казната за полицајците во случаите кога е утврдена повреда, нема вклученост на надворешни лица во самата дисциплинска постапка. Во Данска на пример, кога претставката доаѓа од граѓанин во постапката се вклучуваат и надворешни лица, најчесто претставници на граѓанскиот сектор. Сето тоа со цел да се избегнат било какви сомнежи за објективноста на самата постапка.

Факт кој особено загрижува е тоа што речиси во сите случаи граѓаните кои се жалат на однесувањето на Полицијата заработуваат кривични и прекршочни пријави. Дали е тоа реванш кон граѓаните кои се веќе иницирале постапка против полицајци или пак само спроведување на законот?

Неминовно потребна е промена во работата на Секторот за внатрешна контрола и тоа пред се во насока на менување на менталитетот на самите полицајци дека тие се чувари на редот и мирот и спроведувачи на законите. Пиштолите кои ги имаат на појасите во никој случај не значи дека се над законот. Треба да ги заштитуваат и промовираат човековите слободи и права, а не да ги дерогираат истите. Неопходна е и промена на механизмот на самата дисциплинска посатпка, било во насока на вклучување на надворешни лица во постапката, или со основање на независно надворешно тело кое би постапувало по претставките на граѓаните. На крај, во случаите кога ќе се констатира повреда мора адекватно да се казнат полицајците кој ја сториле повредата и граѓанинот целосно и навремено да биде известен за тоа како е казнет сторителот на повредата.

Крајно време е да се изврши преомена на правната регулатива која ја регулира работата на Секторот за внатрешна контрола, проследена со континуирана едукација на македонската полиција за местото на човековите права во хиерархијата на вредностите на македонското општество. А тие се наоѓааат на самиот врв.   

Петар Јорданоски 

 
< Претходно   Следно >
Language
EN | AL
Анкета
Дали ги знаете Вашите права при контакт со полицијата?
 
Донатори
Партнери
(c) 2006 HRSP. All rights reserved.
Powered by [Joomla!]