|
Часови по бонтон за руските полицајци |
|
|
|
четврток, 06 април 2006 |
|
Руските полицајци се должни да посетуваат часови од убаво однесување, поради забелешките на нивните манири.
Предавањето го организира локалната власт во регионот Приморје, на
крајниот исток на Русија, а целта е полицајците да станат покултурни.
Предавачот Сморен Дуброев вели дека сака полицајците да престанат да
користат пцости, и да ги научи во јавност да се однесуваат пристојно,
дури и ако имале лош ден.
„Покрај тоа, ги учам за поезијата, книжевноста, уметноста, музиката
и танцот за да станат покултурни. Ќе им покажам колку добрите манири се
важни на маса - дури и во кантината во станицата“, вели Дуброев.
Организаторите на курсот се надеваат дека со овој проект не само што
ќе го изменат имиџот на полицијата во Русија, туку дека тие ќе станат
пример и за другите држави.
Извор: А1/Макфакс, 03.04.2006.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=60781
|