|
петок, 07 април 2006 |
|
Основни човекови права при контактите со полицијата
Забрана на тортура
Никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување
Право на слобода и сигурност
Никој не смее да биде лишен од слобода, освен во законита постапка
Секој кој е лишен од слобода од страна на овластени службени лица на Министерството за внатрешни работи мора веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од моментто на лишувањето да биде изведен пред надлежен истражен судијаЛицето приведено или лишено од слобода мора веднаш да биде известено на јазик што го разбира за причините за приведувањето или лишувањето од слобода и за било какво кривично обвинение против него и од него не може да се бара изјава.
Минимални права на лица лишени од слобода
- право на молчење
- право да се советува со адвокат и да има бранител по сопствен избор
- право на соодветен медицински третман
- во рок од 24 часа да биде известен член од семејството или нему блиско лице
Лицето незаконито лишено од слобода, притворено или незаконито судено има право на надомест на штета
Врз основа на наредба, при претрес на дом или лице, овластените службени лица на МВР можат привремено да ги одземат само оние предмети и исправи што се во врска со целта на претресувањето во дадениот случај
Ако не постојат причини за нивно одземање, односно ако се запре кривичната постапка, привремено одземените предмети ќе му се вратат на сопственикот.
|