Logo

Проект за поддршка на човековите права

Human rights support project

Главно мени
Насловна
За нас
Актуелно
НПП
Активности
Фотографии
Публикации
Прашајте нè
Работни места
Контакт
Линкови
МВР
Народен правобранител
MLRC
Право
МВР: Мемети прави политички притисок Испечати Е-пошта
сабота, 01 април 2006
Народниот правобранител Иџет Мемети и МВР кријат, во кои случаи полицијата противправно апсела граѓани, па потоа и ги мачела. Првиот се повикува на државна тајна. Вторите велат - Мемети прави политички притисок.

Неофицијално, А1 дознава дека правобранителот најмногу имал забелешки за два случаи - апсењето на двете момчиња обвинети дека ја поставија бомбата на Бит Пазар и приведувањето на неколку членови на ДУИ, неодамна во центарот на Скопје.

Во меѓувреме меѓународните организации, ОБСЕ и Проксима не даваат детали околу случаите. Од Проксима за А1 изјавија, дека не ги коментираат неговите изјави и соработката што ја има со Министерството за внатрешни работи, затоа што случаите сеуште не се затворени.

Од ОБСЕ велат - ние би сакале да видиме соработка меѓу Народниот правобранител и Министерството за внатрешни работи и да се задоволат сите правни обврски кон таа институција.

Она што тие го имаат како сознанија или пријави за прекумерна сила на полицијата, кореспондира со сознанијата на Иџет Мемети. Најмногу детали за случаите на претепување, малтретирање или незаконско постапување има невладината организација „Коалиција за правично судење“, која ги добива истрагите за случаите што ги води ОБСЕ, Народниот правобранител, но и она што ќе го објават медиумите.

Не смеат да кажат за кои случаи се работи, даваат само бројки - од 2004-та до сега имаат пријава за 90 случаи каде полицијата постапувала незаконски, од тоа само од почетокот на годинава се 51. Од нив 35% до 40% се случаи каде биле малтретирани граѓани од албанско етничко потекло, останатите се македонци и други.

Најмногу поплаки има во Скопје, Куманово и Струмица.

Во декември ќе објават анализа во која ке ги наведат сите случаи кои ги обработиле, со надеж дека ќе влијаат на измената во законот - граѓанинот да добие информација дека полицаецот кој незаконски постапил бил казнет.

Снежана Лупевска
20.09.2005
Извор: А1 ТВ
http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=51568

 
< Претходно
Language
EN | AL
Анкета
Дали ги знаете Вашите права при контакт со полицијата?
 
Донатори
Партнери
(c) 2006 HRSP. All rights reserved.
Powered by [Joomla!]