|
Околу 500 Роми протестираа во Гостивар |
|
|
|
четврток, 21 септември 2006 |
Околу 500 Роми се собраа пред гостиварската полициската станица со протесна нота како што велат за трите момчиња претепани од мобилната полициска единица-алфи. Бараат да се казнат сторителите на делото.
„Ќе влеземе овде кај што е полицијата“, рече Шабан Салиу адвокат
Според ромите, полициските алфи без причина ги претепале Ријан и Мирсад Калгури, а потоа и Аднан Сулејмани. Гостиварската полиција пак тврди дека до инцидентот дошло откако ромите прво вербално, па потоа и физички ги нападнале алфите. Еден полицаец бил повреден, а МВР поднело кривични пријави за напад на службено лице.
И тројцата претепани роми најавуваат дека ќе ги тужат полицајците. По службена должност ќе реагира и народниот првобранител.
„Формиран е предмет и се подготвува барање за известување до секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди“,изјави Уранија Пировска портпарол на Народниот Правобранител.
Против алфите има голем број жалби дека ги пречекоруваат полициските овластувања. Најмногу, за брутално однесување, тврдат невладините организации.
„Имаме регострирано вкупном 11 случаи од кои четири се однесуваат на 2006 година. Процентуално бројот на граѓани кои се жалат на алфите е 10% од вкупниот број на случаи што не е многу. Но, карактеристично е што во девет од тие десет случаи се жалат на брутално претепување од страна на полицијата“, рече Петар Јордановски коалиција за правично судење.
Честите пријави против алфите за полицијата се без основ, за МВР единствен показател е дека таа единица го намалила криминалот во градските средини за 30 проценти. За невладините организации спорен е начинот на кој алфите се борат против криминалот, без да ги почитуваат основните човекови права.
Билјана Стефковска
Извор: А1 (19.7.2006)
|