|
МВР: Ногата на Тахири беше скршена прМВР: Ногата на Тахири беше скршена пред интервед интервенцијата |
|
|
|
четврток, 21 септември 2006 |
Кој му го скрши колкот на Џевџет Тахири? МВР тврди дека ногата на скопјанецот била скршена пред полициската интервенција. Така кажал неговиот братучед.
Тахири вчера ја обвини полицијата за брутално претепување. Внатрешна контрола во МВР истражува дали полицајци ги пречекориле овластувањата вчера на мостот „Гоце Делчев“.
Полицијата денеска соопшти дека повредениот Џевџет Тахири морал да биде совладан со зафат, затоа што со безбол палка искршил шофершајбна на џип и потоа ги нападнал и полицајците кои интервенирале.
Според МВР, по инцидентот на мостот се собрале блиски на Тахири, кои им се заканувале и ги пцуеле полицајците и ги нарекувале нацисти.
Повредениот Џевџет Тахири е опериран на трауматологија, а МВР соопшти дека порано тој вршел кражби, разбојништва и обид за убиство.
Случајот го истражуваат и во проектот за поддршка на човекови права. Кај нив за две години 134-ца граѓани пријавиле дека полицајци ги натепале или ги малтретирале.
„Задоволни сме во смисла на тоа дека навремено добиваме одговор на сите претставки кои ги поднесуваме“, рече Петар Јорданоски, Проект за поддршка на човекови права.
„Не сме задоволни во начинот на кој се казнуваат сторителите, дека во 80% од случаите не се наоѓа повреда од страна МВР, а и во тие 20% случаи каде што ќе се најде повреда казните се премногу благи“, додаде Јорданоски.
Граѓаните за пречекорување на овластувањата пријавувале од сообраќајци до специјалци. За Алфите имало помалку пријави, но сите биле за брутално претепување.
Миомир Серафиновиќ
Извор: А1 (10.5.2006)
|