Logo

Проект за поддршка на човековите права

Human rights support project

Главно мени
Насловна
За нас
Актуелно
НПП
Активности
Фотографии
Публикации
Прашајте нè
Работни места
Контакт
Линкови
МВР
Народен правобранител
MLRC
Право
Брисел ја следи кавгата меѓу Мемети и МВР Испечати Е-пошта
сабота, 01 април 2006
Брисел со внимание ја следи кавгата меѓу Јавниот правобранител и МВР околу наводните противправни апсења и мачења на граѓани. Засега не се размислува за црна листа на полицајци, но доколку се утврди поголемо прекршување на професионалните полициски стандарди, Унијата ќе побара дополнителни информации од страна на македонската Влада, затоа што подигнувањето на професионалните стандарди во полицијата се важен дел од реформите во македонската администрација.

Во Проксима, чии експерти и помагаат на единицата за професионални стандарди во МВР, велат дека информации за сите вакви случаи се тајна се до нивното завршување.

„Ова е еден од аспектите кој е важен за интегрирање во ЕУ, но во последниве недели, би рекол и месеци, не се случи ништо посебно од тоа што го следиме“, изјави Андреа Анџели, портпарол на специјален претставник на ЕУ и Проксима.

Во Невладината коалиција за поддршка на човековите права, спонзорирана од ОБСЕ, велат дека нема простор за ставање етнички предзнак во случаите на употреба на прекумерна сила од страна на МВР.

Но има простор за промена на законската регулатива затоа што постојната дава мала можност за пристап до информации за ваквите случаи.

„Ние искрено се надеваме дека со тие законски промени ќе се овозможи потранспарентна и пообјективна истрага во врска со наводните неправилни однесување од страна на полицијата“, вели Петар Јордановски, Проект за поддршка на човековите права.

Покрај припадниците на МВР, кои во последниве 20 месеци наводно околу 90 пати го прекршиле законот при приведување на граѓани, во иднина ќе бидат санкционирани и лекарите кои одбиваат да издадат лекарско уверение на повредени лица од страна на полицијата.

Горан Момировски
22.09.2005
Извор: А1 ТВ
http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=51685
 
< Претходно   Следно >
Language
EN | AL
Анкета
Дали ги знаете Вашите права при контакт со полицијата?
 
Донатори
Партнери
(c) 2006 HRSP. All rights reserved.
Powered by [Joomla!]