Logo

Проект за поддршка на човековите права

Human rights support project

Главно мени
Насловна
За нас
Актуелно
НПП
Активности
Фотографии
Публикации
Прашајте нè
Работни места
Контакт
Линкови
МВР
Народен правобранител
MLRC
Право
Реакција на Проектот за поддршка на човековите права Испечати Е-пошта
четврток, 21 септември 2006
Реакција на Проектот за поддршка на човековите права во врска со зголемениот број на случаи на граѓани кои се жалат на наводно брутално претепување од страна на ОСЛ на Полицијата

Почитувани,

Проектот за поддршка на човековите права (ППЧП), претставува иницијатива на граѓанското општество, која се усредоточува на појавата на неправилно однесување или злоупотреба од страна на полицијата. Цел на проектот е да обрне внимание на употребата на незаконска физичка и психичка сила, од страна на овластените службени лица од Министерството за внатрешни работи (МВР), во текот на вршењето на своите службени задачи и да помогне во развојот на ефективен механизам за заштита на човековите права на наводните жртви.

Главна цел на нашето обраќање е зголемениот број на случаи на граѓани кои се жалат на неправилно постапување или злоупотреба од страна на полицијата, изразена преку наводно брутално претепување од страна на ОСЛ на Полицијата. Во таа насока Проектот за поддршка на човековите права ја изкажува својата загриженост во врска со зголемување на бројот на случаи на наводна полициска злоупотреба, како и несанкционирањето на истите во случај кога надлежните органи ќе оценат дека е сторена повреда на човековите права од страна на ОСЛ на МВР.

ППЧП со загриженост го истакнува фактот дека иако во проектот се регистрирани 135 случаи на полициска злоупотреба, од кои 35 во последниве 6 месеци, единствена казна за ОСЛ на МВР е писмена опомена или намалување на 15% од платата. Ниедна постапка сеуште нема судска разрешница. Од друга страна регистрирани се случаи на брутално претепување, задржување во полициска станица повеќе од 24 часа без лицето да биде изведено пред судија, овозможување на цивилно лице да претепа граѓанин во полициска станица пред очите на полицајци итн. 

Во случаите кога ќе се констатира повреда на човековите права треба преку дисциплинска и/или кривична постапка адекватно да се санкционираат полицајците кои ја сториле повредата и граѓанинот целосно и навремено да биде известен за тоа како е казнет сторителот на повредата. Ова е во согласност со македонскиот правен систем, меѓународните акти за човекови права ратификувани од Република Македонија и би било компатибилно со нашите заложби за еврo интегрирање. 
ППЧП се имплементира веќе три година од страна на НВО-и АРКА, ЦДР, Коалицијата “ Сите за правично судење ” , ИЗБОР и ЦГИ. Проектот е финансиски поддржан од страна на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и од Фондацијата Институт Отворено општество Македонија.


19 мај 2006 год.

За дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на:

Проект координатор Петар Јорданоски тел . 3215 263,

www.hrsp.org.mk   E-mail: ;

 
< Претходно   Следно >
Language
EN | AL
Анкета
Дали ги знаете Вашите права при контакт со полицијата?
 
Донатори
Партнери
(c) 2006 HRSP. All rights reserved.
Powered by [Joomla!]