|
четврток, 21 септември 2006 |
|
Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Правниот факултет-Скопје и Полициската академија-Скопје
Пред студентите на наведените факултети во април и мај, 2006 година, Проект координаторот го презентираше проектот и добиените резултати од дотогашното следење на случаите на полициска злоупотреба. Студентите од прва година на Полициската академија, како и студентите од трета година на правни студии на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и Правниот факултет - Скопје покажаа голем интерес за Проектот а дел од нив пројавија желба за волонтирање во истиот. Исто така, покрај презентацијата на Проект координаторот, воведно излагање имаа и претставниците на ОБСЕ и ФИООМ.
|