|
Најчесто поставувани прашања |
|
|
|
1. Имав непријатна ситуација со полицаец. Не беше употребена сила, но ми претураше по ташната и бев навредувана. Како може да си ги остварам правата?
Секако дека може да ни се обраните нам. Не мора да биде употреба физичка сила за да постои случај на полициска злоупотреба. Можеме да ви помогнеме и во Ваше име да составиме претставка до Секторот за внатрешна контрола при МВР (надлежен за дисциплинската постапка), до Народниот правобранител, да ви помогнеме во изготвување на кривична пријава до Јавниот обвинител. Во рамките на Проектот работат правници со повеќегодишно искуство во оваа област.
2. Што доколку поднесам претставка против полицаец, и потоа тој ми се одмазди на некој начин?
До сега сме поднеле преку 130 претставки за постапките на полицајци. Во ни еден случај граѓаните не се пожалиле дека после тоа им бил вршен притисок, ниту полицаецот на чие однесување се жалеле им се одмаздил на било кој начин.
3. Физички бев нападнат од 2 полицајци во цивилки, мислам дека беа АЛФИ. Тоа се случи пред 3 месеци. Дали можат да поднесам претставка против полицајци кои не се во униформа, и дали не е веќе доцна.
Секако дека може да поднесе претставка и против овластени службени лица (ОСЛ) на МВР, кои своите задачи ги вршат во цивил. Во однос на рокот не е доцна. Не е предвиден рок во кој може да се поднесе претставка до МВР, рокот во кој може да се поднесе претставка до Народниот правобранител изнесува 1 година од настанот, а рокот за приватна тужба изнесува 3 месеци. Сепак во Ваш интерес е, со цел објективно утврдување на фактите, да иницирате постапка веднаш по настанувањето на повреда на Вашите права од страна на ОСЛ на МВР.
|