Воспоставување на бесплатна телефонска линија 0800 11 333
вторник, 09 јануари 2007
Воспоставување на
бесплатна телефонска линија 0800 11 333 за пријавување на наводни случаи на
полициска злоупотреба во рамките на Проектот за поддршка на човековите права
Почитувани,
Проектот за поддршка на човековите
права (ППЧП), претставува иницијатива на граѓанското општество, која се
усредоточува на појавата на неправилно однесување или злоупотреба од страна на
полицијата. Цел на проектот е да обрне внимание на употребата на незаконска
физичка и психичка сила, од страна на овластените службени лица од
Министерството за внатрешни работи (МВР), во текот на вршењето на своите
службени задачи и да помогне во развојот на ефективен механизам за заштита на
човековите права на наводните жртви.
Главна цел на нашето обраќање е да Ве
информираме дека од 1 Ноември 2006 година, е воспоставена бесплатна телефонска
линија 0800 11 333. На истата секој
работен ден од 9 до 17 часот граѓаните ќе можат да ги пријавуваат случаите на
полициска злоупотреба, односно пречекорување на овластувањата од страна на ОСЛ
на Министерството за внатрешни работи.
ППЧП се имплементира веќе три година
од страна на НВО-и АРКА, ЦДР, Коалицијата “ Сите за правично судење ” , ИЗБОР и
ЦГИ. Проектот е финансиски поддржан од страна на Набљудувачката мисија на ОБСЕ
во Скопје и од Фондацијата Институт Отворено општество Македонија.