Logo

Проект за поддршка на човековите права

Human rights support project

Главно мени
Насловна
За нас
Актуелно
НПП
Активности
Фотографии
Публикации
Прашајте нè
Работни места
Контакт
Линкови
МВР
Народен правобранител
MLRC
Право
Соопштение за печат Испечати Е-пошта
среда, 30 мај 2007
Почитувани,

Европскиот суд за човекови права на 15.02.2007 година ја објави пресудата во случајот Јашар против Република Македонија. Во истата е констатирано дека Македонија го повредила членот 3 од Европската конвенција за човекови права, со кој се забранува мачење, нечовечно или понижувачко постапување или казнување. Судот смета дека постои повреда на членот 3 со самото тоа што наводите на жртвата за повреди и лошо постапување од страна на Полицијата не биле проследени со ефективна истрага од страна на надлежните органи. На жртвата и се досудени 3.000 евра надомест за нематеријална штета, а вкупниот износ кој треба да го исплати Република Македонија изнесува 12,150 евра. За потсетување, случајот се однесува на повреди направени врз г-динот Јашар од страна на ОСЛ на Министерството за внатрешни работи во 1998 год.

Проектот за поддршка на човековите права (ППЧП) изразува задоволство што г-динот Јашар доби делумна сатисфакција за сторените повреди, но од друга страна го изразува своето жалење што македонските граѓани правдата наместо низ институциите на системот ја бараат и добиваат пред Судот во Стразбур. Таквата состојба е резултат на неажурноста и необјективноста на државните органи, пред се на Јавното обвинителство и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, во справувањето со случаите на полициска злоупотреба. ППЧП и при презентирање на правната анализа во декември 2006 год. истакна дека постапката по поднесени кривични пријави до Основното јавно обвинителство е долготрајна и недоволно ефикасна за наводните жртви на неправилно однесување од страна на полицијата. Доколку продолжи ваквиот тренд нема да биде за изненадување, доколку пред Европскиот суд за човекови права се донесат и други пресуди во кои ќе бидат констатирани исти или слични повреди. Се разбира цената ќе ја плаќаат македонските даночни обврзници.

Проектот за поддршка на човековите права преставува иницијатива на граѓанското општество во Република Македонија, која се фокусира на појавата на неправилно однесување од страна на полицијата. Преку дејстувањето на ППЧП се настојува наводите за полициска злоупотреба пријавени од страна на граѓаните да бидат проследени со ефективна истрага од страна на надлежните државни органи, и со соодветна санкција во случаите каде државните органи констатирале повреда. ППЧП постои веќе 3 години и е финансиски поддржан од страна на Фондација Институт Отворено Општество Македонија и од Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје. Во рамките на Проектот постои бесплатна телефонска линија на која граѓаните можат да пријавуваат случаи на полициска злоупотреба 0800 11 333.

За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го Петар Јорданоски, Проект координатор на ППЧП на тел.02 3215 263, www.hrsp.org.mk Е-маил: ;
 
< Претходно   Следно >
Language
EN | AL
Анкета
Дали ги знаете Вашите права при контакт со полицијата?
 
Донатори
Партнери
(c) 2006 HRSP. All rights reserved.
Powered by [Joomla!]