|
|
|
Заклучоци донесени од страна на учесниците на тркалезната маса во однос на Правилникот за вршење на |
|
|
|
четврток, 31 мај 2007 |
|
На 28.05.2007 год. здруженијата на граѓани АРКА, ИЗБОР, ЦДР, ЦГИ и Коалиција Сите за правично судење, имплементирачки партнери во Проектот за поддршка на човековите права организираа тркалезна маса во хотелот Континентал во Скопје. Истата беше организирана по повод донесувањето на новиот Правилникот за вршење на работите на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди. Модератор беше Претседателот на АРКА г-дин Феат Камберовски. Воведно поздравно обраќање до учесниците имаше г-динот Виктор Улом, раководител на одделот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Г-дин Воислав Зафировски, помошник министер во МВР, раководител на
СВКПС имаше прадавање за Новините во Правилникот за вршење на работите
на Секторот за внатреш-на контрола и професионални стандарди, м-р Петар
Јорданоски од ППЧП имаше излагање за Поставеноста и функционирање на
Секторот за внатрешна контрола во Република Србија, проф.д-р. Трпе
Стојановски, помошник министер во МВР, професор на Полициска академија
за Видови контрола над полицијата- компаративен преглед и г-дин Трипун
Танушески, заменик Народен правобранител за Односот помеѓу Народниот
правобранител и Секторот за внатрешна контрола и професионални
стандарди од аспект на Новиот правилник.
Учесници беа правните советници на ППЧП, замениците на Народниот
правобранител од Канцеларија во Скопје и теренските канцеларии низ
Македонија, деташирани инспектори на СВКПС, професори од Правниот
факултет во Скопје и од Полициска академија, претставник на УНДП и
претставници на ОБСЕ. Како резултат на излагањето од страна на
учесниците на тркалезна маса можат да се изведат следниве заклучоци:
• Се наметнува потребата да се пристапи кон измена на Законот за
внатрешни работи и на Колективниот договор со цел предвидување на други
дисциплински мерки за санкционирање на ОСЛ на МВР во случаите на
полициска злоупотреба, покрај веќе постоечките- отказ и парична казна.
Претставниците на СВКПС се согласуваат со констатациите на граѓанскиот
сектор дека постои дискрепанција помеѓу повредите на правата на граѓани
од страна на ОСЛ на МВР и изречените санции и сметаат дека решението е
во измена и дополнување на предходно споменатите акти;
• Во 2006, а особено во 2007 год., за разлика од изминатите години,
СВКПС во најголем дел од случаите ги почитува со закон утврдените
рокови во кои треба да им одговори на Народниот правобранител, на
здруженијата на граѓани и на граѓаните кои се обратиле до СВКПС или до
полицијата;
• Одредбата од член 17, став 3 која стипулира дека постапувањето на
СВКПС по поднесена претставка може да трае и до шест месеци остава
можност за изигрување на правдата. Имено рокот од шест месеци е
предвиден исклучиво за наводи за сторено кривично дело од страна на ОСЛ
на МВР, а од друга страна Законот за работни односи оневозможува
превземање на било каква дисциплинска мерка доколку од настанувањето на
инкриминирано дејствие поминале повеќе од 6 месеци. Се изведува
заклучокот дека било кој рок подолг од 3 месеци остава можност за
злоупотреби од страна на вработените во МВР, на штета на човековите
права;
• Поздравена е одредбата од новиот правилник за вршење на работите
на СВКПС со која се предвидува одговорност за раководителот кој знаел
или бил должен да знае за кршење на работен ред и дисциплина или друго
незаконито постапување на ОСЛ на МВР и при тоа не превземал соодветни
мерки;
• Во новиот Правилник за вршење на работите на СВКПС, исто како и во
стариот нема не е одредба со која на граѓанинот- наводна жртва на
полициска злоупотреба би му се давала правна поука, и истиот не е
поучен за можноста за заштита на неговите права пред други надлежни
органи;
• Се наметнува потребата од подетална разработка на членот 16, кој
го регулира постапувањето по анонимни претставки од граѓани. Вака како
што е конципиран остава простор за арбитреност од страна на
деташираните инспектори на СВКПС, при донесување на одлуката дали ќе
постапат по истите. Анонимните претставки најчесто се резултат на
стравот на граѓаните од конфликт со ОСЛ на МВР, а од друга страна тие
можат да содржат поткрепени податоци за сериозно кршење на човекоите
слободи и права од страна на ОСЛ;
• Потребно е појаснување на терминот “ослободувачки” во член 20,
став 3 точка 3 од Правилникот, како и да се разгледа можноста за
целосно отфрлање на точка 2 од истиот член, во која се вели дека
заклучоците од конечниот извештај може да гласат дека нема доволно
докази за незаконито и непрофесионално однесување на ОСЛ на МВР. Во
постапката пред ЈО нема ваква одредба;
• Има потреба од допрецизирање на односите помеѓу СВКПС и МВР од
една и Канцеларијата на народниот правобранител од друга страна. Во
спротивно идната соработка ќе биде детерминирана од персоналните
решенија на чело на овие институции. Во таа насока потребно е
поагресивен и проактивен настап од страна на претставниците на
Канцеларијата на народниот правобранител во постапувањето во случаите
на полициска злоупотреба, согласно нивните уставни и законски права и
должности. Недозволиво е претставник на Канцеларијата на народниот
правобранител, согласно неговите законски овластувања, да не може да
оствари средба со ОСЛ на МВР за кои постајат индиции дека грубо ги
прекршиле човековите права, само заради тоа што се работи за припадници
на специјални полициски сили.
|
|
|