|
Во изминатите шест месеци поради не професионализам биле суспендирани 72-ца полицајци |
|
|
|
петок, 07 септември 2007 |
|
МВР нема логичен одговор за случаите во кои граѓани поднеле претставка за пречекорување на овластувањата на полицијата. Ваквото тврдење невладината „сите за правично судење“ го поткрепува со полициските извештаи во кои, според оваа организација, се искривува сликата за настаните и се штитат полицајците вмешани во инцидентите. Организацијата извршила мониторинг на повеќе од 200 случаи кои ги истражувал секторот за внатрешна контрола на МВР. Јордановски забележува за нелогичности и во одговорот на МВР зошто пратеникот Владо Бучковски бил задржан на влегување во земјава на граничниот премин Богородица. МВР негира дека има слабости во интерните истраги за постапувањето на полицајците. Се повикуваат на извештајот за работата на министерството во изминатите шест месеци според кој поради не професионализам биле санкционирани 72-ца полицајци. Тоа за „сите за правично судење“ не е доволно. Организацијата бара воспоставување надворешен цивилен механизам кој би ја надгледувал работата на секторот за внатрешна контрола на МВР. Даниел Георгиевски
|