|
Поплаки на сметка на секторот за внатрешна контролa |
|
|
|
петок, 07 септември 2007 |
|
Невладините организации кои даваат правна помош на жртвите на полициска злоупотреба велат оти СВК ги штити своите колеги полицајци, според нив истрагите треба да бидат темелни со лекрска екипа. Граѓанинот сам падна на асфалтот и се здоби со тешки телесни повреди. или пак, повредите ги доби оти ја удираше главата од автомобилот - ова го пишува во одговорите од Секторот за внатрешна контрола, се жалат невладините органицзации кои даваат правна помош на жртвите на полициска злоупотреба. Според нив СВК треба да спроведува потемелни истраги со лекарска екипа и да дава адекватни изјави, а не полни со нелогичности. Според невладините организации нелогичности имало и во преставката во случајот на Владо Бучковски за неговото задржување на граничниот премин Богородица на први овој месец. Славица Дуљанова Извор: Сител (22.8.2007)
|