|
Полицијата ги пречекорила овластувањата со Бучковски |
|
|
|
петок, 07 септември 2007 |
|
Врз основа на 200 случаи на граѓани кои се здобиле со телесни повреди при контакт со полицаец во последниве две години, коалицијата „Сите за правично судење“ - Скопје, АРКА - Куманово, ЦГИ - Прилеп, ЦДР -Тетово и ИЗБОР - Струмица, побара поголема издржаност на одговорите од страна на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди (СВКПС) при МВР, кој ги спроведува истрагите во случаите на полициска злоупотреба.
„Искуството покажува дека во дел од случаите се јавуваат сериозни недостатоци и се заштитуваат службените лица од евентуално санкционирање“, рече Петар Јорданоски, координатор на Проектот за поддршка за човекови права што постои три години.
Организацијата по барање на пратеникот Владо Бучовски испратила претставка до Секторот за внатрешна контрола во чиј одговор, како што објасни Јордановски, има сомнеж дека можеби во случајот има пречекорување на овластувањата на полицијата и повреда на правата. Извор: Утрински Весник (23.08.2007)
|