|
Проект за поддршка на човековите права реагира на спектакуларните апсења |
|
|
|
петок, 07 септември 2007 |
|
Невладината Проект за поддршка на човековите права реагира на, како што вели, спектакуларните апсења и давање изјави на високи раководители на МВР при поднесување кривични пријави дека полицијата располага со несоборливи докази. Оваа невладина асоцијација поддржана од набљудувачката мисија на ОБСЕ и фондацијата СОРОС ги повикува државните авторитети да престанат со практиката на грубо кршење на едно од основните човекови права - пресумпцијата на невиност. Според европскиот суд за човекови права, јавните изјави за нечија вина на висок претставник на извршната власт има за последица граѓанинот однапред да се смета за виновен во очите на граѓаните, а со тоа се врши влијание и притисок на судските авторитети, се наведува во реакцијата на проектот за поддршка на човековите права.
|