Logo

Проект за поддршка на човековите права

Human rights support project

Главно мени
Насловна
За нас
Актуелно
НПП
Активности
Фотографии
Публикации
Прашајте нè
Работни места
Контакт
Линкови
МВР
Народен правобранител
MLRC
Право
МВР треба да апси, а не да ги жигосува граѓаните Испечати Е-пошта
петок, 07 септември 2007

Медиумските апсења и приведувања со лисици пред објективот на камерите се методите што се користат во полициските држави, а не во демократските општества, велат од коалицијата „Сите за правично судење“.
- Недозволиво е високи функционери од МВР да тврдат дека имаат несоборливи докази за вината на осомничените. Според сите закони, процената на доказите ја прави судот, а не Министерството за внатрешни работи - вели Петар Јордановски, проект-координатор во коалицијата.
Според Јордановски, проблем е тоа што не се почитува принципот на пресумпција на невиност, кој е загарантиран со Уставот на Македонија.
- Кога некој е приведен со лисици и тоа се прикажува на телевизија, луѓето по автоматизам мислат дека човекот е виновен. А ако испадне обратно, таа перцепција нема да се смени, туку ќе остане. Не само што државата нема самоконтрола кога апси, туку и медиумите се во трка по сензација и не се грижат за човековите права - вели Мирјана Најчевска, експерт за човекови права и политиколог.
Според неа, граѓаните за кои ќе се докаже дека се невини треба да ја тужат државата. Само така, МВР и министерката ќе се научат да не ги жигосуваат луѓето предвреме, додава Најчевска.
- Луѓето не се решаваат да ја тужат државата. Кај нас се избира да се молчи - тврди Најчевска.
Минатата недела пред објективот на камерите беа приведени директорот на фабриката ОХИС, Јорго Ќука, и осумте членови на управниот одбор.
Од Владата тогаш рекоа дека медиумските апсења се практика во Европа и во Америка, па затоа не гледаат проблем тоа да се прави и кај нас.
За Најчевска ова е „празна споредба“. Странските телевизиите Си-ен-ен и Би-би-си во моментот се соочуваат со тужби од повеќе невладини организации, токму поради спектакуларни апсења.
- Кога Владата прави споредби, нека ги земе предвид и лошите страни, не само добрите - коментира Најчевска.

 Благица Иванова

Извор: Шпиц (06.08.2007)

 
< Претходно   Следно >
Language
EN | AL
Анкета
Дали ги знаете Вашите права при контакт со полицијата?
 
Донатори
Партнери
(c) 2006 HRSP. All rights reserved.
Powered by [Joomla!]