|
Педесетина граѓани жртви на полициски злоупотреби |
|
|
|
вторник, 29 јануари 2008 |
|
Во Македонија лани 57 граѓани биле жртви на полициска злоупотреба, а бројот на лицата што побарале помош од граѓанските здруженија е поголем, но истите имале страв официјално да ги пријават случаите. Ова се податоците од годишниот извештај за 2007 година на Проектот за поддршка на човековите права. Во проектот учествуваат пет граѓански здруженија, кои во врска со случаите на полициска злоупотреба поднеле 49 претставки до Секторот за внатрешна контрола при МВР.
Бројот на регистрирани жртви на полициска злоупотреба е намален за 25 отсто во споредба со 2006 година, а најчести жртви се мажи. Според националната припадност 64 отсто од малтретираните граѓани се Македонци, па Албанци и Роми.
Поголеми злоупотреби биле спектакуларните апсења и непочитувањето на пресумпцијата на невиност. Во 30 случаи на пречекорување на овластувањата и малтретирања учествувале униформирани полицајци, а девет случаи се однесуваат на нанесување повреди од страна на „алфите“.
Во проектот учествуваат Форумот за правата на Ромите „Арка“ од Куманово, Центарот за демократски развој од Тетово, Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, „Избор“ од Струмица и коалицијата „Сите за правично судење“ од Скопје. Проектот е изведен со финансиска поддршка на ОБСЕ и фондацијата Институт „Отворено општество“ - ФИООМ. Извор: Дневник
|