|
ППЧП: „Алфите“ се однесувале сурово и недолично |
|
|
|
вторник, 29 јануари 2008 |
|
Ана Вељановска Педесет и седум жртви на полициска злоупотреба од октомври 2006 година до ноември минатата година се евидентирани со Проектот за поддршка на човековите права (ППЧП). Од жртвите 37 се Македонци, 11 Албанци, 7 Роми и 2 Босанци. Дури 98 отсто од жртвите се на возраст од 18 до 55 години, а само 2 проценти се малолетни.
Според извештајот на ППЧП, во 53 отсто од случаите граѓаните се жалеле на телесни повреди и на малтретирање, а 26 отсто од нив реагирале на грубо и недолично однесување на полициските службеници. „Забележителна е тежината на повредите и високиот степен на суровост во случаите во кои се инволвирани полициските единици „алфи“ и Единиците за брзо распоредување. Во 90 отсто од случаите тие се однесувале грубо и недолично, а во 10 отсто случаи им нанеле телесни повреди на граѓаните“, се наведува во извештајот. Михаил Готовски од коалицијата „Сите за правично судење“ посочи дека тенденцијата на спектакуларни апсења и изјавите на високи функционери на МВР, дека „полицијата располага со несоборливи докази“, го прекршуваат принципот на пресумпција на невиност.
- Јавното декларирање на нечија вина од висок претставник на извршната власт има последица граѓанинот однапред да се смета за виновен во очите на јавноста, а со тоа истовремено се влијае и врз судските авторитети - истакна Готовски. Владимир Милчин од фондацијата „Институт отворено општество“ образложи дека граѓаните, иако се обраќаат до невладините организации, се плашат да иницираат постапка против полицијата. - Ако граѓанинот одлучи да поднесе пријава против полициски службеник, полицијата веднаш ќе одговори спротивно на тоа и ќе поднесе пријава за напад на службено лице - рече Милчин. Проектот за поддршка на човековите права почна во декември 2003 година и во него се вклучени пет невладини организации. Проектот им нуди бесплатна правна помош на жртвите на полициска злоупотреба.
Јавниот обвинител да не се потпира на МВРППЧП му порача на секторот за внатрешна контрола при МВР да биде поаналитичен и транспарентен, односно да изведува ефективна истрага за да ја утврди фактичката состојба. Според ППЧП, јавниот обвинител и истражниот судија треба да ги користат сите правни средства што им стојат на располагање во случаите на полициска злоупотреба, а не да бараат дополнителни информации од МВР. Учесниците во проектот им порачуваат на претставниците на канцеларијата, народниот правобранител да бидат поагресивни и да ги користат медиумите како средство за притисок и објавување на случаите каде што е утврдена повреда на законот
Извор: Шпиц |