|
вторник, 29 јануари 2008 |
Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 17.01.2008 ( Четврток) ќе се одржи Прес конференција на Проектот за поддршка на човековите права кој е имплементиран од Здруженијата на граѓани “Форум за правата на Ромите Арка “ – Куманово, “Центар за демократски развој” -Тетово, “ Центар за граѓанска иницијатива” –Прилеп, “ Избор” -Струмица и “Коалицијата Сите за правично судење” од Скопје. Проектот за поддршка на човековите права е поддржан од ОБСЕ и Фондацијата Институт Отворено општество –ФИООМ.
 
Прес Конференцијата ќе се одржи во хотел Холидеј Ин со почеток во 12,00. Свое обраќање ќе имаат г-дин.Владимир Милчин –извршен директор на ФИООМ и г-дин. Доналд Биссон – Шеф на одделот Владеење на правото при Наблудувачката Мисија на ОБСЕ во Скопје.На Прес Конференцијата ќе се промовира Финалната правна анализа за 2007 година која ги опфаќа регистрираните случаи на полициска злупотреба.Имено, во 2007 година евидентирани се 51 случај на полициска злоупотреба. Бројот е поголем на оние жртви кои бараат помош од здруженијата ,но имаат страв официјално да ги пријават.Најзначајни во 2007 година се спектакуларните апсења и почитувањето на пресумпцијата на невиност, како и поголем број на повреди направени од страна на специјалните единици АЛФИ. Дури 90% од пријавените жртви од страна на АЛФИТЕ се здобиле со телесни повреди.Во самиот извештај се опфатени и ранливите категории како што се малолетници и Ромската популација, а од страна на здруженијата на граѓани кои се вклучени во овој проект, за 2007 година се поднесени 49 преставки до Секторот за внатрешна контрола при МВР.Воедно на Прес Конференцијата ќе се дадат и заклучоци и препораки како да се надмине појавата на полициска злоупотреба. Со почит Аница Томшиќ Стојковска Проект Координатор
Скопје, 10.01.2008 |