Logo

Проект за поддршка на човековите права

Human rights support project

Главно мени
Насловна
За нас
Актуелно
НПП
Активности
Фотографии
Публикации
Прашајте нè
Работни места
Контакт
Линкови
МВР
Народен правобранител
MLRC
Право
Соопштение до јавноста Испечати Е-пошта
понеделник, 16 јуни 2008
Здруженијата на граѓани : Коалиција Сите за правично судење од Скопје , Форум за права на Ромите -Арка од Куманово ,Центар за демократски развој од Тетово, Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп и Избор од Струмица кои заеднички го имплементираат Проектот за поддршка на човековите права на жртви од полициска злоупотреба, најостро ги осудуваат превземените полициски акции во изминатиот период со кои овластените лица ги имаат пречекорено своите овластувања и нанесено одредени повреди врз граѓаните на Република Македонија.
Проектот остро ја осудува постапката на полицијата на одржаниот кошаркарски натпревар во Кавадарци , каде брутално беа тепани навивачите од Струмица како и превземената акција врз малолетни лица од Основното училиште Владо Тасевски кои биле однесени во полициска станица без присуство на своите родители.
Проектот дава поддршка на другите невладини организации кои се борат за правата на децата , а воедно ја поздравува денешната одлука на МВР , полициските службеници кои биле инволвирани во настанот со малолетните лица да бидат соодветно казнети и прераспоредени од своите работни места.
Проектот констатираше за овој случај не само повреда на правата на децата ,туку и повреда на Законот за полиција ,каде во член 37 јасно се вели дека собирање на информации и повикување на малолетни лица се прави во присуство на родител односно старател освен ако заради посебни околности или неодложност на постапувањето тоа не е можно.

Проектот за поддршка на човековите права бара да се превземат исто така и  адекватни мерки во случајот на тепани навивачи од Струмица , за кои ќе се достават и претставки од нашите здруженија до МВР, сметајќи дека е употребена прекумерна сила и на тој начин повредени основните слободи и права кои ги гарантира Уставот, законите и меѓународните договори.

Во спротивно желбата на полицијата да биде сервис на граѓаните кој ќе функционира  по начелото Полиција во заедницата, ќе добие спротивен ефект , кој со ваквите свои неразумни постапувања ќе доведе до страв и несигурност кај пошироката јавност.

 
< Претходно   Следно >
Language
EN | AL
Анкета
Дали ги знаете Вашите права при контакт со полицијата?
 
Донатори
Партнери
(c) 2006 HRSP. All rights reserved.
Powered by [Joomla!]