|
понеделник, 16 јуни 2008 |
|
ППЧП ( Проектот за поддршка на човековите права) поддржан од Фондацијата Институт Отворено Општество и Фондот за жртви од тортура при ООН, а кој го имплементираат здруженијата на граѓани Форум за правата на Ромите -Арка од Куманово, Центар за демократски развој од Тетово,Центар за граѓански инцијативи од Прилеп, Избор од Струмица како и Коалицијата Сите за правично судење повторно и најостро ја осудуваат вчерашната полициска акција со која беше приведен Сами Беслими -наставник во гимназијата Зефљуш Марку.
Во тој поглед Проектот најостро реагира бидејќи :
- Целосно е повредено правото на презумпција на невиност со информациите дадени директно од страна на Министерот за внатрешни работи, во момент кога постои само основано сомнение за сторено кривично дело;
- Со изнесувањето на поголем број на информации за сторени кривични дела како и со самото приведување пред медиумите ,полицијата продолжува со својата практика за јавно жигосување на наводните сторители на кривични дела, а на тој начин и загрозување на идентитетот и личниот интегритет пред отпочнување на официјална судска постапка;
- Приведувањето на лицето е спроведено во образовна институција , т.е. на работното место на наставникот, при што се поставува прашањето што сакала Полицијата да постигне со таа акција.
Како и до сега, Проектот за поддршка на човековите права бара од Полицијата и нејзините раководни органи ефективно да си ги спроведуваат своите овластувања кои ги имаат согласно законите и подзаконските акти без спектакуларности и медиумски шеми со кои би докажале дека ефикасно се борат со организираниот криминал како горлив проблем во нашата држава |