|
Тренинг за Европскиот суд за човекови права |
|
|
|
понеделник, 16 јуни 2008 |
|
На 27 и 28 Мај 2008 се одржа Тренинг за Европскиот суд за човекови права на кој учествуваа правните советници од Проектот за поддршка на човековите права : Михаил Готовски од Коалиција Сите за правично судење, Борис Гудев од Избор, Талија Бабоска од Центар за граѓански иницијативи , Беким Нухија од Центар за демократски развој , Феат Камберовски од Форум за права на Ромите –Арка , како и проект координаторот на ППЧП Аница Томшиќ Стојковска.
На 27.05.2008 година предавање одржа Мр Илина Ценевска-Асистент на Правниот Факултет од Скопје која даде објаснение за Конвенцијата за човекови права на која се засновува Судот во Стразбур, начинот на функционирање на Европскиот Суд, допуштеност во одлучувањето како и обврска на државите во делот на почитувањето на одлуките и пресудите од страна на Судот.
На 28.05.2008 предавање одржа Адвокат Трајче Торов од Штип кој на учесниците им ја објасни постапката за аплицирање, начинот на пополнување на апликацијата, можност за бесплатна правна помош при Судот во Стразбур како и посебен осврт на случаеви кои се однесуваат на член 3 од Конвенцијата која ги опфаќа делата на тортура и нечовечки и други свирепи однесувања.
Тренингот се спроведе во Скопје, хотел Водно.
|