|
среда, 07 јули 2010 |
|
Во рамките на имплементацијата на Проектот за поддршка на човековите права како донатори во 2010 година се вклучи и Институтот Отворено Општество од Будимпешта со грант во висина од 12.000 евра. Во склоп на проектните активности на ППЧП на 05 и 06 јуни се одржа втората обука за полициски службеници на која свое обраќање имаа г-дин Иџет Мемети на тема Улогата на Националниот превентивен механизам во Република Македонија и г-ѓа Анета Станчевска,помошник-министер и раководител на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР заедно со својот тим на тема Почитување на правата на лица лишени од слобода.
На 16.06.2010 проектниот координатор и извршен директор на Коалицијата Сите за правично судење учествуваше со свое излагање на регионалната работилница по повод примената на Законот за бесплатна правна помош. Регионалната работилница се одржа во Прилеп во присуство на повеќе локални здруженија, а беше организирана од страна на Македонското здружение на млади правници на тема “Предизвици пред воспоставување на систем на бесплатна правна помош.” На 18.06.2010 проектниот координатор и извршен директор на Коалицијата Сите за правично судење г-ѓа Аница Томшиќ Стојковска имаше свое обраќање на обуката на тема Почитувањето на човековите права при преземањето на полициски овластувања организирана од Секторот за внатрешна контрола при МВР за специјалните полициски единици на МВР. Обуката беше организирана и реализирана во Тренинг центарот во Идризово, а проектниот координатор преку темата Улогата на граѓанскиот сектор во заштита на корпусот човекови слободи и права го презентираше Проектот за поддршка на човековите права. На 25.06.2010 по повод Меѓународниот ден за заштита на жртвите од тортура Проектот за поддршка на човековите права организираше панел дискусија на тема Превенција против тортура. На панел дискусијата покрај претставниците на Европската делегација, УН и Советот на Европа- Информативна канцеларија Скопје, свое излагање имаа и Народниот правобранител, Директорот на Управата за извршување на санкции,претставник на МВР како и претставниците на граѓанскиот сектор –Хелсиншкиот комитет за човекови права и здруженијата на граѓани кои заеднички го спроведуваат Проектот за поддршка на човековите права. |